Јувентус и Барселона одблизу ја следат ситуацијата со Обамејанг во Арсенал

by
0 минути читање

Јувентус се
приклучи на Барселона во однос на интересот за ангажман на напаѓачот на
Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, кој поради недисциплина изоставен е од тимот на
„Топчиите“, а истовремено одземена му е капитентската лента.

32 годишниот
Габонец е на излезна врата од Арсенал уште за во јануарскиот рок, а „Спорт“
известува дека Барселона и Јувентус одблизу ја следат неговата ситуација во
клубот од Лондон.

Актуелниот
договор на Обамејанг со Арсенал истекува во 2023 година, но „Топчиите“ се
отворени за понуди за негова продажба уште за во јануарскиот преоден рок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×