Артета бира помеѓу четворица фудбалери на Арсенал за капитентската лента

by
1 минути читање

Како што е
познато, Арсенал му ја одзеде капитентската лента на Пјер-Емерик Обамејанг
поради недисциплина, а истовремено Габонецот нема да биде ниту во составот на Микел
Артета за вечерашната пресметка со Вест Хем на домашен терен.

Се верува дека 20
годишниот Букајо Сака е најсериозниот претендент за капитентската лента во
тимот на „Топчиите“, а навивачите на клубот од Лондон имаат високо мислење за
младиот фудбалер кој потекнува токму од школата на Арсенал.

Опција е воедно и
неверојатниот голман Арон Рамсдејл кој ги надмина сите очекувања од него со
феноменалните партии, а го „пресели“ на клупата за резерви претходно
стандардниот Бернд Лено.

Во игра е Кјеран
Тирни, а се споменува и Бен Вајт како една од посериозните опции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×