Од Премиерлигата
потврдија дека е одложен мечот од 17 коло помеѓу Барнли и Ватфорд, а причината
е хаосот со ковид-19 кој настана во таборот на гостите кои немаат доволно
фудбалери за пресметката која беше предвидена за вечерва.
Сепак, на
Островот наведуваат дека иако Лестер и Тотнем испратиле барање за одложување и
на нивната пресметка предвидена за утре, сепак од Премиерлигата не им излегле
во пресрет на барањето на обата клуба.
Како што е
познато, обата клуба се соочија со повеќе заразени со ковид-19 во своите
тимови, а „Спарси“ веќе има два меча одложени што претставува дополнителен
проблем за најсилното фудбалско натпреварување на Островот.
За вчера беше
одложен и дуелот помеѓу Брентфорд и Манчестер јунајтед, каде погоени со
заразата беа гостите од „Олд Трафорд“.