223
Јувентус во изминатите години долго доминираше во Серија А, но Лигата на шампионите последен пат ја освои во 1996 година. Голема желба на сите во клубот е да се освои овој трофеј.
Дибала на шега во интервју за „Калчомеркато“ побара од Дедо Мраз, Јувентус да ја освои Лигата на шампионите.
„Што барам од Дедо Мраз за Божиќ? Да ја освојам Лигата на шампионите со Јуве“, вели Дибала.
Можеби тој се пошегува, но од оваа изјава јасно е колку го сака овој трофеј.