178
Непријатни вести за Реал Мадрид во финишот од годината, Карло Анчелоти нема да може да смета на Лука Модриќ и Марсело за наредните натпревари.
Двајцата фудбалери се во домашна изолација и нивната состојба ќе се следи.
Двајцата фудбалери имале симптоми на настинка во изминатите денови и ги контактирале клупските лекари. Откако дознале дека двајцата се позитивни, бил тестиран целиот тим и стручниот штаб, сите останати се негативни.
Но, ќе следуваат уште тестирање во наредните денови.
Модриќ и Марсело ќе го пропуштат неделниот натпревар против Кадиз на Бернабеу, а неизвесни се и за дуелот против Атлетик Билбао на 22. декември. Голема е веројатноста да го пропуштат и тој меч.