Барела објаснува како концептот на Инзаги им помогнал на фудбалерите на Интер по заминувањето на Конте

by
1 минути читање

Интер во моментов е лидер во Серија А, а по подолго време се најдоа и во нокаут фазата од Лигата на шампионите, нешто што не успеаа да го направат со Антонио Конте.

„Има повеќе конкуренција од мината година, но ние имаме нешто повеќе од другите“, вели Барела.

„Ние имаме искуство, знаеме како да победуваме и тоа го покажуваме. Ние го чувствуваме тоа на теренот, а го чувствуваат и другите“.

Барела објаснува како Интер напредуваше под водство на Инзаги откако Конте си замина.

„Инзаги не остава слободно да правиме работи. Не велам дека Конте не форсираше да правиме нешто што не сакаме. Но, харизмата на Инзаги прави сите да се чувствуваат инволвигани, дозволувајќи ни на нас самите да носиме одлуки“.

„Тоа е нешто што ни требаше по две интензивни сезони каде секогаш следевме ист концепт“.

„Неколку фудбалери заминаа, но дојдоа други квалитетни играчи. Ние сакаме да покажеме дека се уште сме најдобри“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×