Анчелоти го исфрли Азар од тимот, па Белгиецот ќе бара нов клуб. Абрамович сакал да го врати, но тоа е веќе минато, не планира да му направи услуга на Реал Мадрид и да му плати за ангажман на Еден.
Според „Дејл Мејл“, Абрамович бил разочаран од начинот на Реал Мадрид за ангажман на дефанзивецот на Челси, Антонио Ридигер.
Челси никако не успева да постигне договор со Ридигер за продолжување на соработката, а се верува дека тоа е така бидејќи дефанзивецот има понуда на маса од Реал Мадрид која не се одбива.
Абрамович е разочаран што Ридигер не сака да продолжи во Челси, но е лут на Реал Мадрид што му доставил понуда на дефанзивецот надвор од официјалниот тајминг за преговори.
Договорот на Ридигер со Челси истекува по крајот на сезоната и тој од јануари ќе може слободно да преговара со други клубови и да потпише претдоговор.
Што се однесува до Азар, веќе речиси и да нема елитни клубови кои се интересираат за него. Причини се неговата лоша форма, честите повреди и несериозниот пристап кон работата (појавување со вишок килограми на подготовките).