Томијасу има едноставна теорија зошто Бен Вајт не му додава

by
1 минути читање

Томијасу во Арсенал игра на десната бековска позиција, Јапонецот се покажа како одлично засилување за топчиите, но ретко добива топки од неговиот соиграч во одбраната, централниот дефанзивец Бен Вајт.

„Тоа е така затоа што Бен Вајт е добар фудбалер. Често додавањата од централен дефанзивец до бек создаваат притисок за бекот“, објаснува Томијасу.

„И јас сум играл како централен дефанзивец и едноставно, додавањето до бековите ми била последната опција. Доколку бекот не е под притисок, ќе му додадам, но крилниот фудбалер на противникот вообичаено е високо поставен, па ако му додадете на бекот го ставате под притисок“.

„Бен Вајт е добар фудбалер кој не додава за да ве стави под притисок“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×