Биелса: Не одигра Сити добро, ние го одигравме најлошиот меч досега

by
1 минути читање

Марсело Биелса синоќа го доживеа најтешкиот пораз во кариерата откако Лидс прими седум голови на Етихад, а не даде ниту еден.

„Ова е најлошиот перформанс во четирите години. Во ниту еден момент не успеавме да бидеме рамноправни“, вели Биелса.

„Не е дека Сити одигра многу добро, повпечатливо е колку лошо одигравме ние отколку како добро одиграл Сити. Сити цело време игра така или слично, но ние никогаш не сме одиграле вака лошо“.

„Не може ништо позитивно да се извлече од нашите перформанси. Не можам да најдам ништо што е вредно“.

„Не можам да најдам никакво оправдание. Натпреварот течеше точно така како што мислевме дека ќе биде. Се подготвивме да избегнеме се што ни се случи, но не го направивме тоа“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×