Леванте елиминиран од третолигаш, Барди промаши пенал

by
1 минути читање

Леванте не само што не може да победи во Ла Лига, тие не успеаа ниту да поминат третолигаш во Купот на Шпанија.

Мечот почна шокантно за Леванте, Алкајано со гол на Ел Гезуани во 5. минута поведе со 1-0, но фаворитот изедначи во 23. минута преку Гомез.

Пред крајот на првиот дел Алкајано го врати водството со втор гол на Ел Гезуани, а по десет минути игра во вториот дел Бланко зголеми и на 3-1.

Барди во игра влезе во 56. минута, веднаш по третиот примен гол, и работите за Леванте почнаа да се поправаат.

Во 61. минута Солдадо намали на 3-2, а седум минути подоцна Гомез го изедначи резултатот на 3-3.

Но Леванте тука престана да дава голови. По 90 минути игра остана 3-3, а толку беше и по судиското продолжение од двапати по 15 минути. Пеналите го решаваа победникот.

Во пенал серијата Леванте од четири шута успеа дури трипати да промаши, а еден од играчите кои не реализираа пенал беше Барди. Алкајано од четири обиди трипати реализираше и се радуваше на изненадување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×