Саркастичен коментар на Крос за ждрепката во Лигата на шампионите

by
1 минути читање

Реал Мадрид
првично ја доби Бенфика за противник во осминафиналето од Лигата на шампионите,
меѓутоа поради проблемите кои настанаа на ждрепката, шпанскиот клуб за
противник го доби ПСЖ во повторетната ждрепка.

Фернандеш: Кога ќе биде третата рунда од ждрепката? (ФОТО)

Следеа лавина
реакции по сето тоа што се случи на контроверзната ждрепка, а најмногу
негодувања секако имаше од таборот на Реал Мадрид, па коментираше и Тони Крос,
а Германецот тоа го стори на саркастичен начин.

Само еден краток
коментар за денешната ждрепка, се надевам дека не останаа некои други изненадувања,
така се надевам дека на време го коментирам ова, да, ова е навистина интересно,
добивме интересен противник, всушност најтешкиот кого можевме да го добиеме

рече Крос.

Сметам дека
најдобро е да ја заборавиме повторената ждрепка, добро функционираме,
преостануваат уште многу натпревари пред Лигата на шампионите, најважно е да ги
добиеме натпреварите кои ни претстојат
“ додаде Германецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×