210
Непријатниот настан се случил на навивачката трибина, лекарите брзо реагирале и по потребната интервенција со дефибрилатор го пренеле во блиската болница.
Навивачот е во стабилна состојба, а Мурињо му вети дека кога ќе излезе од болница ќе му ја даде својата јакна која ја носеше на тој натпревар.
„За инцидентот дознав откако заврши натпреварот. Ако ми ја даде адресата, ќе му ја пратам мојата јакна, па следниот пат кога ќе дојде на стадионот на ова ладно време, со себе ќе ја има мојата јакна“, изјави Мурињо.