Френки де Јонг е еден од играчите на кои Барселона може да извади добра сума од негова продажба, па се шпекулира дека би можел да замине со цел клубот да акумулира средства со кои побрзо ќе ја преброди финансиската криза.
Де Јонг се поврзува со повеќе клубови, а меѓу нив се и Манчестер јунајтед и Баерн Минхен.
Но, таткото на Де Јонг ги намалува шансите за потпис со овие два клуба поради честиот дожд кој е присутен во Манчестер и Минхен.
„Таму времето често е лошо. Се разбира дека се работи за фудбалот, но важно е и времето“, вели таткото на Френки де Јонг.
„Се разбирам, знам дека на Барселона ѝ требаат пари и дека голема понуда за Френки би можела да помогне, но мислам дека тоа нема да се случи наскоро“.
„Иако најдобрите пет клубови во Европа се заинтересирани“.