Рекорден број заразени со ковид-19 во Премиерлигата во една седмица

by
1 минути читање

Загрижувачки
бројки пристигнуваат од Премиерлигата во однос на тестирањата за ковид-19, со
тоа што во една седмица забележани се дури 42 заразени со ковид-19, а се мисли
на официјални лица, како и фудбалери на екипите.

Бројката од 42
заразени е рекорд откако е започнато со тестирање од ланската година во мај, а
доколку претходната седмица најпогоден беше Тотнем, што придонесе за одлагање
на мечот со Брајтон, овој пат тоа се однесува на Манчестер јунајтед, па
неизвесен е мечот со Брентфорд утревечер.

Астон Вила и
Брајтон се последните екипи кои пријавија проблеми со заразата, а Тотнем се
уште нема потврда за одигрување на мечот со Лестер во четврток.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×