167
Лацио се наоѓа во
резултатска криза откако во последните пет меча од Серија А запиша само една
победа, а останатите резултати беа едно реми и дури три порази.
Се чини дека
поразот на гости кај Сасуоло со 2-1 изминатиов викенд ја прели чашата во клубот
од Рим, а тренерот Маурицио Сари ги загубил трпението со своите избраници.
„Калчомеркато“
известува дека Сари влегол во голема конфронтација со фудбалерите по поразот од
Сасуоло, имал средба со нив која траела околу еден и пол час, а на која не бил
присутен првиот човек на Римјаните, Клаудио Лотито.
Дека работите се
излезени од контрола во Лацио говори и фактот што Сари го откажал денешниот
тренинг.