176
Јувентус одигра
само 1-1 на гостувањето кај Венеција во Серија А, а го загуби и еден од своите
најдобри поединци, Пауло Дибала, кој поради повреда беше повлечен од игра уште
во 11 минута од пресметката.
Во Италија
наведуваат дека мускулната повреда со која се соочи Аргентинецот наводно ќе го
оневозможи за настап до крајот на оваа календарска година.
По мечот,
тренерот на Јувентус, Алегри призна дека Дибала не бил целосно подготвен за
настап, а додаде дека тој презел ризик за неговиот фудбалер.
Доколку се
остварат најавите, Дибала ќе ги пропушти дуелите со Болоња и Каљари во Серија
А.