Фернандеш: Кога ќе биде третата рунда од ждрепката? (ФОТО)

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед првично го доби ПСЖ за противник во првата ждрепка за нокаут фазата од
Лигата на шампионите, меѓутоа настана еден голем пропуст во самата ждрепка.

Поради фактот што
Манчестер јунајтед два пати беше извлечен за осминафиналето, а проблемот
настана откако тие топчиња по грешка беа уфрлени во садот во кој беа
победниците, ждрепката беше прогласена за неважечка, по што се премина на нова
ждрепка.

Наместо ПСЖ,
Манчестер јунајтед за противник го доби Атлетико Мадрид, кој пак го избегна
Баерн Минхен од првата, неуспешна ждрепка.

На сево ова
фудбалерот на „Црвените ѓаволи“, Бруно Фернандеш се пошегува на социјалните
мрежи прашувајќи кога ќе биде третата рунда од ждрепката за Лигата на
шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×