171
Фудбалерот на
Бенфика, Николас Отаменди се соочил со доста незгодна ситуација во својот дом
во Португалија, каде бил нападнат, а воедно и ограбен од крадци.
Како што пишува „Кореиро
де Мана“, се вели дека нападот во домот на 33 годишниот Аргентинец се случил по
вчерашниот меч против Фамалисао во купот на Португалија каде Бенфика славеше со
1-4, а Аргентинецот ги одигра сите 90 минути.
Четири напаѓачи
го сториле делото, а му ставиле и ремен околу вратот на фудбалерот пред да
извлечат пари и скапоцени часовници од кражбата која ја сториле.
За време на
дејствието, во домот на фудбалерот исто така биле и неговата сопруга, но и
синот.