Првата ѕвезда на
Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг беше изоставен од составот за пресметката со Саутемптон
на домашен терен која тимот на Микел Артета ја доби убедливо со 3-0.
Причините поради
кои Артета го изостави напаѓачот веќе се познати во јавноста, а тоа е поради
фактот што 32 годишниот Габонец пристигнал подоцна од што било договорено со
самиот клуб.
Обамејанг бил во
Франција за да ја донесе својата мајка во Англија, а таа била болна, но
договорот бил тој се врати во среда навечер за утрото идниот ден да биде во
можност да тренира, а тој пристигнал во четвртокот.
Предвидените
ковид протоколи на Островот придонесоа за дополнителен проблем кој го спречија
Обамејанг да тренира, поради тоа што мора најпрво да покаже негативен ПЦР тест,
а на крајот тренирал во домашни услови.
Говорејќи на
прескоференцијата во пресрет на мечот со Саутемптон, Артета јасно порача дека
се работи за дисциплинска постапка против фудбалерот поради која тој бил
изоставен од тимот.