331
Џошуа Кимих беше еден од фудбалерите на Баерн Минхен кои не сакаа да се вакцинираат, Германецот објаснуваше дека не е анти-ваксер, едноставно е загрижен поради тоа што нема доволно долгорочни истражувања.
Фудбалерот од средниот ред сега се кае за ваквиот став, ковид-19 му направи компликации.
„Можеби требаше да поминам низ она што поминав сега за да добијам подобра слика. Од денешна гледна точка, подобро ќе беше да се вакцинирав“ – вели Џошуа Кимих, кој ќе паузира до крајот на годината.
„Симптомите кои ги имав беа благи, но имав вода во белите дробови. Не смеам да тренирам, во спротивно може да направи штета на срцето и да имам последици на долг рок“.