161
Кралскиот клуб игра во голема форма, синоќа со 2-0 го совлада и градскиот ривал Атлетико Мадрид, а Анчелоти посебни зборови имаше за Модриќ.
„По мечот му честитав за перформансот бидејќи беше спектакуларен“, изјави Анчелоти за Модриќ.
„Не знам што му кажав, но тој беше спектакуларен со топката во текот на целиот меч, и без топка исто така беше исклучителен“.
Анчелоти притиска што побрзо да биде потпишан новиот договор на Модриќ според кој Хрватот ќе остане во тимот и наредната сезона.