181
Тијаго Мота беше еден од фудбалерите на Интер кој со Мурињо ја освоија тројната круна, но Португалецот открива дека тие се познаваат од многу поодамна, од времето во Барселона.
„Луѓето мислат дека го знам Тијаго Мота од Интер, но ние се знаеме од времето кога и двајцата бевме во Барселона“, открива Мурињо.
„Понекогаш јас го тренирав резервниот тим на Барселона и таму се запознавме. Имам многу спомени од него. Тој, Станковиќ и Киву станаа тренери и секогаш сакам да имаат добри резултати со исклучок кога играат против мене“.
Мечот меѓу Рома и Специја се игра утре (понеделник) од 20:45 часот.