Ибрахимовиќ синоќа го спаси Милан од пораз во судиското продолжение, росонерите не успеаа да ги земат трите бода од Удине.
„Не успеавме да го наметнеме нашиот стил на фудбал, немавме идеја како да скршиме така добро организирана дефанзива. Кога ќе примите гол од таков тим станува уште покомплицирано. Не креиравме многу шанси, иако често бевме во последната третина од теренот, требаше порано да дадеме гол“, вели Пиоли.
Статистиката вели дека во последниот месец во најдобрите топ 5 лиги, Милан направил најмногу грешки по кои тимот примил гол.
„Примаме навистина глупави голови, тоа е така бидејќи ја губиме топката, бидејќи носиме погрешни одлуки и играме премногу централно наместо да ја шириме. Не знам дали тоа е од недостаток на самодоверба, мора да бидеме повнимателни кога ја имаме топката во нозе“.
„Моите момци се свесни кога не играат најдобро што можат. Треба да бидеме подобри и уверен сум дека ќе бидеме, бидејќи гледам амбиција во тимот, но исто и способност да се разберат грешките и да се работи на нив“.
„Мислам дека паднавме малку во дефанзивата во последните неколку натпревари, не сме паметни кога ги почнуваме акциите од дефанзивата, оставаме простор. Тоа е тактичко прашање на кое треба да работиме“.
„Потребен ни е повеќе фокус и квалитет, во спротивно нашиот стил е ставен под ризик“.