Агентот на Тони
Крос, Вокер Страт не крие за деталите од разговорот кој го имал со првиот човек
на Реал Мадрид, Флорентино Перез при една средба пред една и пол година, со што
јасно стави дознаење колку Германецот е ценет во редовите на „Кралскиот клуб“.
„Пред самата
пандемија со коронавирусот, Флорентино ме покани на ручек, тој е неверојатно
добра особа, со одлична животна приказна зад себе, тој е обичен човек како и сите други“ рече Страт.
„Тој ми објасни
зошто Тони е најдобриот трансфер на векот за Реал Мадрид според него, Крос е
непобедлив во однос на вредноста на трансфер пазарот“ додаде тој.
31 годишниот
фудбалер од средниот ред потпиша за Реал Мадрид во 2014 година по трансферот од
Баерн Минхен, а досега со „Кралевите“ освои три титули во Лигата на шампионите,
како и две во Примера.