257
Лестер синоќа загуби на гостувањето кај Наполи и го освои третото место во групата од Лига Европа, па ќе продолжи во Конференциската лига.
Тренерот на Лестер, Брендан Роџерс вели дека не ни знае какво натпреварување е тоа.
„Да бидам искрен, не ни знам какво натпреварување е тоа. Бев фокусиран на Лига Европа и на освојување на групата“, вели Брендан Роџерс.
„Во најмала рака на финиширање на второто место, па со сета почит за натпреварувањето, не знам што е тоа. Но сигурен сум дека наскоро ќе дознаам“.