167
Премиерлигата го
одобри барањето на Тотнем за одлагање на мечот со Брајтон кој беше предвиден да
се одигра претстојниов викенд, а беше во рамките на 16 коло од најсилниот
англиски фудбалски шампионат.
Сето тоа поради
хаосот кој настана во редовите на „Спарси“ со 13 заразени со ковид-19, што
придонесе и за одложување на денешниот меч со Рен во Конференциската лига.
Истото сценарио
се најавува и за мечот на Тотнем против Лестер за идниот четврток во рамките на
вонредното 17 коло од Премиерлигата, а „Лисиците“ исто така се соочија со
одредени проблеми со заразени со вирусот, меѓутоа не до таа мера како и Тотнем.