177
Џорџино Вајналдум
не успеа да се наметне посебно во редовите на францускиот вицепрвак ПСЖ по
трансферот од Ливерпул, а се верува дека 31 годишен Холанѓанец би можел да се
врати во Премиерлигата.
Се верува дека
фудбалерот од средниот ред веќе ги разгледува можните опции, а една од тие е
Арсенал, каде котира мошне високо на листата на желби на тамошниот тренер Микел
Артета, за што извести „Скај Спортс“.
Пред да се
пресели во ПСЖ, Вајналдум силно се поврзуваше со можен трансфер во Барселона,
но во дресот на Парижаните успеа да запише девет настапи како стартер од можни
18 сезонава, на кои воедно запиша и три погодоци зад своето име.