Реал Мадрид е фаворит за потписот на Ридигер

by
1 минути читање

Актуелниот
договор на Антонио Ридигер со Челси истекува идното лето, а најновите
информации кои пристигнуваат говорат дека обете страни се далеку од договор, па
така „Марка“ известува дека Реал Мадрид е близу негов ангажман како никогаш
досега.

И повеќе од јасно
е дека предводникот на Челси, Томас Тухел не сака да го загуби својот
сонародник Ридигер, меѓутоа „Атлетик“ веќе наведе дека стоперот е подготвен за
нов предизвик, а во јануарскиот преоден рок ќе има можност да преговара со
заинтересираните клубови.

Пред извесен
период медиумите на Островот известија дека Рудигер барал десет милиони фунти
годишна плата во преговорите со Челси за нов договор, меѓутоа од клубот му
понудиле три милиони фунти помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×