Рајола откри како го печел занаетот и зошто го викаат „мајстор за пица“

by
3 минути читање

Новинари од Спорт1 седнаа на интервју со Мино Рајола во канцелариите на неговата фирма во Монте Карло. Италијанецот, кој е еден од најмоќните агенти, отворено говори на многу теми.

Разговорот почнува со прашање, „Господите Рајола, ве молам кажете им на нашите читатели како да направат перфектна пица?“.

„Приказната за мајсторот за пица“ – почнува со насмевка Рајола. „Знаете што? Во животот никогаш не сум направил пица, ниту пак знам како да направам. Но имам послужено многу пици на гостите во ресторанот на моите родители. Тој ресторан ми беше школо на живтот“.

„Воопшто не ми пречи што ми ставија етикета, „мајстор за пица“. Сега ќе ви кажам од каде потекнува ова“.

„Имав голема расправија со Синиша Михајловиќ, кој во тоа време играше за Интер. Моето момче, Златан Ибрахимовиќ, играше за Милан. По едно градско дерби, Михајловиќ каже многу глупави работи за Златан, и кога некој ги напаѓа моите играчи, ме напаѓа и мене. Па јас започнав расправија, а Михајловиќ рече, „Што сака мајсторот за пица“ и така почна се“.

Мино Рајола е роден во Италија, но пораснат е во Холандија.

„Роден сум во Салерно, но кога имав една година, моите родители се преселија во Холандија. Семејството на мојата мајка веќе беше во Харлем. Потекнувам од работничко семејство, а откако моите собраа доволно пари, отворија италијански ресторан. Тогаш Холанѓаните немаа поим за пица и шпагети. Ресторан беше голем успех. Биснисот се прошири со хотел, кафе, неколку ресторани. Во еден момент, поседувавме седум објекти. Мојот татко од утро до вечер беше на работа, поминуваше малку време со мене, па јас решив да бидам со него. Му помагав, миев чаши, средував, чистев, служев…“

„Започнав да работам во ресторанот кога имав 11-12 години, подоцна му помагав на татко ми со документите бидејќи подобро зборував холандски од него. Административни работи, банка, даноци… јас средував се, и тоа ми помогна да пораснам брзо. Преку ресторанот дојдов во контакт со луѓе од различно бизниси. Банкари доаѓаа, доаѓаше и градоначалникот на Харлем. Еден ден дојде и претседателот на вторилигашот ФК Харлем. Го познавав бидејќи играв таму кога бев млад“.

„Јас како младо момче кое беше дрско и со голема уста, решив да му кажам што мислам, „Зошто го правиш ова срање? Зошто си го купил овој играч? Зошто тој играч? Понекогаш бев задолжен за кетерингот во ВИП ложата па знаев да дадам замерки по некој лош резултат и еден ден тој ми рече, „Знаеш што, чим се правиш толку паметен и мислиш дека знаеш се, еве ти работа, ајде да те видам“. Не го очекуваше одговорот, го прашав, „Кога почувам?“. И така почнав да работа, почнав како спортски директор со 19-20 години. Дури и тогаш договарав добри договори за играчите, беше повеќе на штета на клубот (раскажува со насмевка). После некое време основав своја агенција, фудбалерите ме бараа“.

„Кои беа моите први трансфери? Го донесов Брјан Рој од Ајакс во Фоџа, во тоа време Серија А беше како што денеска е Премиерлигата. Сите сакаа да одат во Италија. Потоа го однесов Марсиано Винк во Џенова и Вим Јонг и Денис Бергкамп во Интер“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×