Чави ќе прави чистка: Некои од вас не разбираат што значи да се игра за Барселона!

by
1 минути читање

Барселона за прв
пат по 2000/01 нема да биде дел од нок-аут фазата во Лигата на шампиони,
„каталонците“ синоќа не можеа да направат чудо на гостувањето кај Баерн Минхен и беа елиминирани од најелитното европско натпреварување.

Чави не ги криеше
фрустрациите на средбата со новинарите, а според пишувањата на Спорт, стратегот
го кренал гласот и во соблекувалната.

На паузата,
тренерот изразил незадолство од пристапот на фудбалерите и им порачал: „Некои од вас не разбираат што значи да се игра за Барса“.

Весникот исто
така додава дека Чави веќе размислува за чистка, сака да се ослободи од четири
до пет фудбалер во јануари, и да отвори простор за некое засилување.
Процесот ќе продолжи и во летниот преоден рок.

Први на списокот
се Самуел Умтити и Лук де Јонг. Дефанзивецот не одигра ниту една минута под
водство на Чави и уште еднаш ќе му биде кажано дека треба да си оди. Доколку тој не
прифати трансфер или позајмица, Барса ќе размисли за прекин на договорот. Напаѓачот
пак нема ништо против тоа да замине доколку добие интересна понуда со добар проект и минутажа.

Спорт исто така
ги споменува имињата на Оскар Мингеза и Сержињо Дест, како и на Филипе Кутињо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×