Реал Мадрид нема да ризикува со Бензема

by
0 минути читање

Бензема заработи повреда на мечот против Реал Сосиедад. Повредата не е тешка, но тој го пропушти мечот со Интер од Лигата на шампионите и е неизвесен за дербито со Атлетико Мадрид.

Во моментов Бензема тренира сам во теретана и според „Мундо Депортиво“, денеска и утре ќе му бидат направени тестови по кои ќе се знае дали ќе може да игра против Атлетико.

Информациите велат дека ако Бензема не е комплетно подготвен за настап, Реал Мадрид нема по секоја цена да го игра напаѓачот во дербито.

Ако Бензема не може, Лука Јовиќ ќе настапи и против Атлетико Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×