Рен не прифаќа одложување на мечот со Тотнем, според правилата на УЕФА дуелот треба да се игра

by
1 минути читање

Најмалку осум фудбалери на Тотнем и пет членови на стручниот штаб се позитивни на ковид-19.

Тотнем излезе со соопшение дека денешниот меч против Рен нема да се игра поради големиот број на позитивни случаи.

Сепак протоколот на УЕФА вели дека мечот треба да се игра се додека клубот има 13 фудбалери на располагање, а најмалку еден од нив е голман.

Тимот на Рен е во Лондон и се додека УЕФА официјално не го одложи мечот, тие немаат намера да прифатат неиграње.

„Во видео конференција меѓу претставници на УЕФА, Тотнем и Рен, директорот на Спарс ја кажа намерата тие да не играат во Конференциската лига во четврток. Тоа е еднострана одлука која не е потврдена од УЕФА. Додека мечот и официјално не се одложи од УЕФА, одлуката на Рен е да игра“, се вели во соопштението на францускиот тим.

Рен негодува поради тоа што од Тотнем им соопштиле за случајот дури откако тие слетале во Лондон.

Тотнем не е единствениот загрозен тим, бидејќи Лестер отпатува во Наполи на нивниот меч од Лига Европа без седум фудбалери и тројца членови на стручниот штаб заразени со ковид-19.

Во текот на денешниот ден УЕФА треба да излезе со официјално соопштение за мечот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×