Дињ и Бенитез ја „спукаа“ во Евертон

by
1 минути читање

Рафа Бенитез се
соочи со исклучително тешка ситуација за мечот со Арсенал по очајните резултати
на „Карамелите“ претходно, меѓутоа следеше победа со пресврт од 2-1 на свој
терен.

Тоа што многумина
ги изненади е фактот што Лука Дињ не беше инволвиран во почетниот состав на
Евертон, а Французинот не се најде ниту во составот општо, што предизвика
мистерија.

„Атлетик“ наведе
дека станува збор за караница која се случила помеѓу Дињ и Бенитез, а се верува
дека францускиот бек е фрустиран со улогата која ја добил од новиот тренер во
тимот, со тоа што наместо офанзивни, тој добива повеќе дефанзивни задачи, а ја
нема таа препознатлива слобода во играта нешто понапред.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×