ПСЖ синоќа со 4-1
го совлада Клуб Бриж во Лигата на шампиони, Килијан Мбапе и Лео Меси постигнаа
по два гола. Двајцата делуваа добро воиграни за првиот погодок на Аргентинецот,
Мбапе отвори простор и ги навлече дефанзивците за Меси во свој стил од врвот на
шеснаесетникот да бие прецизно покрај стативата.
По крајот на
натпреварот, Килијан Мбапе беше запрашан за соработката со Лео Меси и рече:
„Лесно е да се игра со Лео Меси, тој е најдобриот фудбалер во светот. Пред неколку
дена ја доби „Златната топка“, вечерва постигна два гола, среќен е тука и се
надевам дека ќе ни биде од голема помош во иднина“.
Килијан Мбапе никогаш
не криел дека идол му е Кристијано Роналдо, па многумина се изненадени од оваа
изјава.
Останува да се
види дали ова е само куртоазија бидејќи двајцата се соиграч, или пак Французинот
полека се предомислува сега кога од прва рака гледа што може да направи Лео
Меси.