„Не знам зошто Мурињо го продаде Салах, на тренинг беше како Меси“

by
1 минути читање

Мохамед Салах
игра во страшна форма и во моментот е еден од најдобрите фудбалери и прва ѕвезда на Ливерпул. Но работите можеа да бидат поинакви доколку Жозе Мурињо имал малку
поголема верба во Египјанецот.

„Мурињо не успеа
да го извади најдоброто од Салах. Кога се пресели во Фиорентина, го прашав:
„Зошто си одиш Момо? Ова е Челси“. Тој ми рече: „Морам да играм“. Парите не му
беа мотив, ниту пак да победува повеќе, едноставно сакаше да покаже дека може
да игра“
– вели Филепе Луис, кој шест месеци делеше соблекувална со напаѓачот.

„На тренинзите
беше како Меси. Навистина, беше како Меси. Прашајте било кој“.

По шест месеци во
Фиорентина, Мохамед Салах замина на позајмица во Рома, „волчицата“ веднаш во целост го
откупи неговиот договор, но само една година подоцна го продаде на Ливерпул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×