162
Двата порази по ред, против Болоња и Интер ги активираа гласините дека Мурињо можеби порано од очекуваното ќе заврши со Рома.
Но според Фабрицио Романо, работата на Португалецот не е во опасност.
Сопствениците и бордот му даваат целосна поддршка на Мурињо и веруваат дека тој е вистинското решение за нивниот клуб.
Мурињо има договор со Рома до јуни 2024 година. Во јануари се очекуваат неколку нови засилувања.
Португалскиот стратег често се жали дека нема многу опции, нема широк состав и кога некој е отсутен настанува сериозен проблем за Рома.
Во последните мечеви Рома имаше повеќе отсутни фудбалери, поради повреди, ковид и суспензии, а тоа беше видливо во играта на теренот.