Алваро Мората има
низа неизвесности околу неговата иднина, особено поради тоа што Јувентус барем
засега не е заинтересиран да ги исплати потребните 35 милиони евра на Атлетико
Мадрид за да го откупи неговиот договор.
29 годишниот
шпански напаѓач според предвиденото во Јувентус треба да е на позајмица до
крајот на актуелната сезона, а има договор со „Јорганџиите“ со важност до 2023
година.
Мората имаше и
една расправија со својот тренер Масимилијано Алегри во вчерашната победа над
Џенова, а постојат повеќе теории околу причините за истата.
„Тој доби жолт
картон и продолжи да се расправа, а поради тоа решив да го повлечам од игра,
сево ова е разочарувачки, Алваро играше добро, а исто и целиот тим“ рече Алегри
по мечот.
„Скај Спорт
Италија“ наведува дека главната причина за нерасположението на Мората е поради
слабиот учинок во реализацијата, а самиот Шпанец по мечот со Џенова на
социјалните мрежи испрати јасна порака дека нема никаков проблем со Алегри.