Барселона во напредни преговори со Аспиликуета

by
0 минути читање

Барселона е во
напредни преговори со бекот Цесар Аспиликуета за негов ангажман идното лето,
известуваат од Шпанија, а веќе познато е дека на искусниот фудбалер договорот
му истекува токму тој период.

Не се исклучува
можноста за договорот да се реализира уште идниот месец, а новиот тренер на
Барселона, Чави Ернандез е особено заинтересиран за Аспиликуета.

„Ел Насионал“
додава дека токму Чави притиска за договорот да се реализира, со тоа што првиот
човек на Каталонците, Жоан Лапорта се согласува со тренерот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×