Јувентус синоќа со 2-0 ја победи Џенова, но триумфот можеше да биде многу поубедлив бидејќи имаа вкупно 27 шутеви од кои 12 во рамките од голот на Сиригу.
„Мислам дека треба да целиме да ја промениме нашата позиција кога е во прашање процентот на реализирани шанси! Ние сме најлоши во Серија А, па сакам да ја промениме оваа статистика“, рече Алегри по мечот.
„Уживав гледајќи го тимот како игра, исто како и на претходните мечеви, дури и на оние кои ги губевме. Треба само да ја поправиме ефикасноста пред голот“.
Кога Алегри го извади Мората во игра, влезе во вербален дуел со неговиот напаѓач.
„Тој доби жолт картон и продолжуваше да се расправа па сметав дека треба да го извадам. Тоа е разочарувачко бидејќи Алваро играше добро, играше добро и целиот тим“.