Возбудлив меч на
„Сигнал Идуна Парк“, Баерн Минхен си замина со три бода од гостувањето во
Дортмунд.
„Милионерите“
добро го отворија натпреварот и поведоа по пет минути игра со оглот на Бранд.
Гостите веднаш одговорија и преку Левандовски изедначија на 1-1. Баерн до
крајот на првиот дел успеа да го сврти резултатот, Коман во 44. минута реализираше
за 1-2.
На стартот од
вториот дел, Халанд убаво пласираше на подалечната статива и изеднчи на 2-2.
Неколку минути
подоцна, се случи првиот контроверзен момент на мечот, Ројс беше соборен во
шеснаесетникот, но судијата не досуди ништо, а не се консултираше ниту со ВАР.
Потоа следеше нов
контроверзен момент, Хумелс играше со рака по еден корнер, тешко е да се каже
дали дефанзивецот имаше немара, фудбалерите на Баерн не бараа најстрога казна,
но судијата по консултација со ВАР покажа на белата точка.
Левандовски
превзеде одговорнсот и погоди за 2-3 и победа.