259
Милан од врвот на
табелата ќе ги чека дуелите на Интер и Наполи против Рома односно Аталанта, попладнево,
избраниците на Пиоли брзо ја решија Салернината и привремено се искачија на
лидерското место.
Резултатот беше
отворен по пет минути игра, Леао убаво продре и му асистираше на Кеси за 1-0.
Десетина минути
подоцна, Диаз го проигра Салемакерс за 2-0 и веќе тука беше јасно дека бодовите
ќе останат на Сан Сиро.
Во продолжението
од мечот, Милан рутински одработи и чуваше сила за пресметката со Ливерпул во
Лигата на шампиони.