Рангник пред пет години велеше дека Роналдо е стар, денес со друга песна: Не сум видел таков играч…

by
1 минути читање

Новиот тренер на
Манчестер јунајтед, пред пет години изјави дека Кристијано Роналдо е стар, па изминатиов
период иамше многу стории дека ЦР7 нема да се вклопи во системот на Германецот.

Сепак на
денешната прес конференција, Ралф Рангник изјави дека е подготвен да се адаптира
за да го извади најдоброто од Португалецот.

„Треба да го адаптирате
вашиот стил или идеја за фудбал на играчите кои ги имате на располагање“
– вели
Рангник.

„Она што го видов
вчера од Роналдо во второто полувреме, на 36 години, тој е неверојатен, топ
прoфeсионалец. На негови години, не сум видел поспремен фудбалер“.

„И понатаму лесно
прави разлика“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×