Астон Вила беше клуб од детството за Џек Грилиш, но тој одлучи да ги напушти минатото лето и да се пресели во Манчестер Сити.
Денеска го одигра првиот меч против својот поранешен клуб. Влезе од клупата за резерви во финишот од натпреварот.
Грилиш не беше сигурен како ќе реагираат фановите на неговото враќање. Во интервју пред овој меч рече дека нема да слави ако даде гол.
Приемот од фановите беше различен, некои му дадоа аплауз, но се слушнаа и свирежи од трибините на Вила Парк.
Тие му скандираа: „играше за голем клуб“, со тоа сакаат да кажат дека Астон Вила има многу поголема традиција од Манчестер Сити и историски важи за многу поголем клуб од граѓаните.
Манчестер Сити со 2-1 го доби мечот.