ВАР го спаси Наполи од шокантен пораз кај Сасуоло, Милан пресилен за Џенова и Пандев (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Наполи остана без
два бода на „Мапеи“ стадионот, лидерот во Серија А киксираше и дозволи
противникот да направи голем кам бек.

Откако во првото полувреме
мрежите мируваа, Наполи поведе на стартот од вториот дел со голот на Руиз, а
Мертенс по еден час игра зголеми на 0-2.

Домаќините сепак
не се предадоа, преку Скамака намалија на 1-2, за во 89. минута Ферари да
скокне највисоко по еден прекин и да погоди за 2-2.

Драмата продолжи
во судиското надополнување, Дефрел го матираше Оспина за 3-2 и огромна радост
на домаќините, но славјето го расипа ВАР, голот беше поништен поради прекршок
на Берарди врз Рахмани.

Нашиот Елиф Елмас
мечот го почна од клупата за резерви и шанса доби на стартот од вториот дел.

На вториот
денешен натпревар во Серија А од 20:45 часот, Милан беше пресилен за Џенова и Горан Пандев и славеше со 0-3.

Ибрахимовиќ
прекрасно погоди од слободен удар за 0-1 по десет минути игра, за во последните
мигови од првиот дел, Месиас да зголеми на 0-2. Истиот фудбалер по еден час
игра биеше прецизно по земја за 0-3.

Пандев влезе во
игра кога веќе се беше решено, па не можеше да стори ништо за Џенова да избегне
пораз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×