Тоа што се
најавуваше, се оствари, Манчестер јунајтед се договори со Ралф Рангник за
соработка за актуелната сезона, а веќе се шпекулира околу листата на желби за
засилувања која новиот тренер ја доставил до раководството на клубот од „Олд
Трафорд“.
Се верува дека 63
годишниот фудбалски стратег го посакува напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг
Халанд, известува „Билд“, а истиот медиум додава и дека на листата на желби кај
Рангник е воедно и напаѓачот на Челси, Тимо Вернер.
Рангник има
одлични релации со таткото, а воедно и агент на Халанд, Алф-Инге, а додека беше
спортски директор на Салцбург, Халанд блесна во тој тим со 28 погодоци на 22
натпревари, по што следеше трансферот во Борусија Дортмунд.
Што се однесува
пак до Вернер, во него има голема доверба со оглед на нивната претходна
меѓусебна соработка во Лајпциг, која воедно беше доста успешна.
„Спортсмејл“ пак,
објави дека фудбалерот од средниот ред на Лајпциг, Хаидара исто така е на
листата на желби кај Рангник.