Гвардиола ја предупредува Барселона за Торес: Како што плаќаме ние, ќе си платите и вие

by
1 минути читање

Барселона го
идентификуваше Феран Торес како засилување за офанзивата и се верува дека
„каталонците“ веќе договориле петгодишна соработка со Шпанецот.

Сега останува тие
да најдат заеднички јазик со Манчестер Сити за условите под кои ќе се реализира
зделката.

„Кога ние сакаме
да купиме некој играч, бидејќи сме Манчестер Сити, секогаш ни бараат многу
повеќе пари за трансфер. Па кога некој клуб ќе побара некој наш фудбалер,
сигурно нема да го пуштиме беспари“
– вели Пеп Гвардиола.

Според Мундо
Депортиво, Сити и Барселона ги приближиле позициите по последната рунда
преговори и има мала разлика помеѓу почетната сума која ја поставиле „граѓаните“
и првичната понуда на „каталонците“.

И Спорт пишува дека
се намалува разликата помеѓу двата клуба. Весникот додава дека почетната сума
која ја побарал Манчестер Сити е 70-80 милиони евра, додека пак Барселона ги отворила преговорите со предлог вреден 40 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×