Челси на Рудигер му нуди три милиони фунти помалку од тоа што бара Германецот

by
1 минути читање

Во Реал Мадрид
наводно се оптимисти дека би можеле да го обезбедат потписот на Антонио Рудигер
чиј актуелен договор со Челси истекува идното лето, а обете страни се барем
засега далеку од постигнување договор за продолжување на соработката.

28 годишниот германски
стопер наводно бара 10 милиони фунти годишна плата, а се верува дека последната
понуда од страна на Челси до него изнесувала 7 милиони фунти, што е нешто
помалку од тоа што го заработуваат Тимо Вернер, Тијаго Силва, Каи Хаверц, како
и Ромелу Лукаку.

„Дејли мејл“
извести дека Рудигер сепак првично посакува да остане на „Стемфорд Бриџ“, но за
да се случи тоа и повеќе од веројатно е дека ќе треба да се помири со помала
плата од онаа која ја бара во текот на преговорите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×