Фергусон го изостави Кин во изборот за најдобриот капитен во неговата ера

by
1 минути читање

Поранешниот
легендарен тренер на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон го изостави Рој Кин во
неговиот избор за најдобар капитен во неговата ера на „Олд Трафорд“, со тоа што
го наведе Брајан Робсон.

Се верува дека
Робсон бил единствениот капитен во ерата на Фергусон кој имал право да носи
сопствени одлуки на теренот, а изборот на популарниот Ферги за момент зачуди
многумина поради фактот што со Кин соработуваше во одлични успеси на Манчестер
јунајтед, освојувајќи 17 трофеи заедно.

Тој беше
најдобриот капитен кого јас го имав, кога ќе подразмислам за периодот кога тој
беше во клубот, тој беше најдобриот фудбалер
“ рече Фергусон во изјавата за
официјалниот сајт на Манчестер јунајтед.

Фудбалерите го
сакаа многу, чувствуваа одговорност кон него, тој беше капитенот со најдолг
период со таа позиција под мое водство
“ додаде Фергусон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×