316
Легендата на
бразилскиот фудбал, а поранешен голман, Тафарел е назначен за тренер на
голманите во Ливерпул, со тоа што ќе има можност да соработува со својот
сонародник Алисон Бекер и во редовите на Премиерлигашот.
55 годишниот
Тафарел наводно бил лично побаран од првиот чувар на мрежата од голот на „Редсите“,
Алисон, со тоа што обајцата веќе соработуваат во националниот состав на Бразил.
Тафарел е еден од
најдобрите голмани во историјата на фудбалот, а запиша 101 настап за
националниот состав на „Кариоките“, освојувајќи две титули во Копа Америка,
како и една титула на Светското првенство во САД во 1994 година.