Ал Келаифи: Мбапе знае што сака, знаеме и ние

by
0 минути читање

Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува по крајот на оваа сезона и како што сега стојат работите тој ќе замине во Реал Мадрид.

Но, претседателот на ПСЖ е уверен во пресврт на ситуацијата и останување на Мбапе во неговиот клуб.

„Тој е одличен фудбалер. Знае што сака, знаеме ни ние. Дали преговорите за нов договор имаат прогрес? Се надевам“, изјави Ал Келаифи за „Л’Екип“.

Се шпекулира дека Донарума е незадоволен што често му е замена на Кејлор Навас.

„Џанлуиџи Донарума е едноставно исклучителен, тој ќе има допринос во успехот на ПСЖ во наредните сезони“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×